Македонија Superhiks1

22 декември, 2012

Суперхикс за старт на ски сезоната на Маврово

После преполната „Метрополис Арена“ на Таксират Позитивниот концерт, со кој Суперхикс ги прославија 18-те години постоење на бендот, промотивните концерти за нивниот нов албум „Африка“ продолжуваат оваа сабота во Маврово. Денеска со почеток во 13:00 часот Хикси, ќе одржат концерт со кој воедно ќе биде означено отворањето на годинешната скијачка сезона на Маврово. За вљубениците во зимските спортови ова ќе биде жестоко загревање пред вистинското уживање во зимата и одличен предизвик за првиот ски-скок на „Африка“.

Сабота – Суперхикс (13:00ч)
Недела – Нокаут (13:00ч)

Точно пред месец дена, Суперхикс го објавија своето последното студиско остварување „Африка“ во дигитално издание. Албумот кој е достапен за бесплатно преземање од овој линк, до сега брои близу 10.000 преземања.

Супехикс се проверен рецепт дури и за најпребирливите концертни поклоници, а истите ќе имаат можност да ја искусат Хикси фештата и следниот петок (28.12) кога банда инструментале ќе настапи во клубот „Селект“ во Струмица, додека пак за новогодишната ноќ Суперхикс ќе бидат главни ѕвезди на забавата на градскиот плоштад во Прилеп.

Keep On Rockin’!



Врати се горе ↑