Македонија Superhiks1

3 ноември, 2012

Суперхикс во студио, го снимаат новиот албум

Еден од ретките македонски бендови кои на публиката веќе 18 години им нудат еден уникатен ска-панк звук на овие простори, Суперхикс покрај најавениот концерт за 1ви декември во „Метрополис Арената“ во Скопје, деновиве во студио го снимаат материјалот за нивниот четврти студиски албум. Како што неодамна најавија, наскоро ќе можеме да слушнеме и бесплатно да симнеме една од новите песни кои ги снимаат. Во меѓувреме групата се подготвува и за „Позитивниот концерт“ кој ќе биде во рамките на годинашното издание на Таксират 14, а повод за овој настан е славењето на полнолетство на бендот, па како што ветуваат тие, ќе биде најдобрата ска-панк фешта до сега,  кога на своите фанови премиерно ќе им го претстават новиот албум, но и низа позитивни изненадувања кои ќе бидат објавени наскоро. На славеничката сцена во „Метрополис Арена“ заедно со Суперхикс ќе настапат и бројни нивни пријатели, кои на различен начин се поврзани со креативното полнолетство на бендот.

Одлично наговестување за ска-панк експлозијата што нè очекува на новото студиско издание се хит-сингловите На лута рана“, „Африка и последниот Ти треба некој кој беше промовиран годинава и со видео спот, на регионалниот „MTV“ музички канал. Во меѓувреме, бидете позитивни, очекувајте дополнителни информации и подгответе се за нови изненадувања поврзани со големиот славенички СУПЕРХИКС концерт!

 



Врати се горе ↑