Концерт суперхикс

28 мај, 2015

„Суперхикс“ ве канат на 21. роденден‏

Најразиграната банда инструментале годинава го прославува својот 21. роденден. Почетокот на „Суперхикс“ беше во 1993 година, а ја основаа тројца средношколски другари – Пеце, Кечо и Борис. Од гаражен бенд кој свири панк, успеаа да достигнат меѓународна слава и да ги забавуваат луѓето ширум светот со мелодичните и весели ска панк звуци.

По повод американското полнолетство, односно 21 година од постоењето на бендот, момците од  „Суперхикс“  за своите фанови на 10 јуни подготвуваат голема роденденска прослава насловена Голем клупски концерт за оптимисти“. За роденденско славје е одбран клубот „Хавана“, местото каде што атмосферата е најтопла, а пивото најладно, а почетокот е во 22.00 часот. За да ги почастат своите фанови, Хикси доделуваат 100 гратис албуми, за првите 100 купени влезници.

Влезниците може да се набават по претпродажна цена од 200 денари во „Кастом паб“, „Љубов“ и „Хепи кафе“ од 27.05.2015 година. Бројот на влезници е строго ограничен!

В недела „Суперхикс“ ќе ја добијат и наградата за животно дело на Македонските Алтернативни Награди ( МАН), настан кој ќе се одржи на Школка во Градскиот парк во Скопје. Во продолжение уживајте со нивниот најнов сингл „Мики Ли!



Врати се горе ↑