Македонија ImageProxy

14 ноември, 2013

Суперхикс со нови активности на повеќе фронтови

Суперхикс неуморно продолжуваат со работа и со нови настапи пред својата публика. Оваа сабота (16-ти ноември) момците заминуваат на концертот кој ќе се одржи во клубот „Бонанца“ во Богданци. Но, покрај концертните настапи, фановите на Суперхикс имаат нова можност да го видат својот омилен бенд и во поинакво светло. Имено, Суперхикс банда инструментале во последно време е активна и на тетатарската сцена. Групата се потпишува зад музиката за претставата „Нажалена фамилија“, а истата ја изведуваат во живо на сцената на Кумановски театар. „Нажалена фамилија“ (текст: Б.Нушиќ) во режија на Драгана Милошевски Попов својата премиера ја имаше во рамките на фестивалот „Денови на комедија“ во Куманово. Следните изведби на претставата ќе бидат на 15-ти, 23-ти и 30-ти ноември на сцената на Кумановски театар, па сите фанови на Суперхикс имаат одлична прилика да видат како звучат Хикси и на „штиците што живот значат“.

Во меѓувреме додека уживате во Хикси фештата, ве потсетуваме дека можете да гласате за вашата омилена Суперхикс банда инструментале која со новиот видео запис за песната „Скок“  влезе во топ листата „Домаќица“ на регионалниот MTV канал. Спотот веќе петта недела се задржа на врвот во изборот на најдобрите видео записи во регионов.

 



Врати се горе ↑