Аудио 11230730_977199495637724_8882949358316731175_n

7 мај, 2015

„Суперхикс“ со нова песна посветена на супер-херојот „Мики Ли“

Речиси година дена по последниот сингл „Мајмуни“, „Суперхикс банда инструментале“ повторно ги израдува своите фанови, но овој пат со песна за супер-херој! Станува збор за синлот „Мики Ли“, песна која му ја е посветена на единствениот супер-херој во Македонија, а живее во Штип.

„Оние кои го знаат, знаат многу добро за каков натчовек зборуваме во ова време на отсуство на човечност“, велат од „Суперхикс“.

Оние кои не го знаат, се работи Мики Ли Трајчевски од Штип, познат како интергалактички посредник помеѓу штипјаните и вонземјаните. Мики живее водејќи се по идеологијата на Брус Ли и зборува неколку светски јазици.

Новата песна, заедно со минатогодишниот сингл го навестува албумот, кој би требало да се појави во онлајн издание и на цеде, следната година. Новото издание на една од најактивните музички групи на македонската сцена ќе биде и своевидно продолжение на претходно започнатата музичка приказна на Хикси.

„Мики Ли“ наскоро ќе добие и свој видео запис, а како звучи сето тоа можете да слушнете (и бесплатно да го преземите) во продолжение!

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑