Аудио 10371711_792161814141494_301678196491309817_n

18 јуни, 2014

„Суперхикс“ со нов сингл насловен „Мајмуни“

СУПЕРХИКС банда инструментале го објавија новиот сингл насловен „Мајмуни“, кој е дел од новиот материјал на групата и го најавува следното студиско издание на една од најактивните музички групи на македонската сцена, но воедно и своевидно продолжение на претходно започнатата музичка приказна на Хикси.

„’Мајмуни’ е на некој начин продолжение на сагата за ’АФРИКА’… Без намера да бидат вистинските мајмуни навредени, омаловажени и потценети. Вистинските мајмуни се интелигентни и културни суштества за разлика од ’нашите’. Нашите ги користат сите ’мајмунски’ трикови за да успеат во животот и ја ’мафтаат’ на тој начин онаа друга категорија на ’мајмуни’ и тоа пак некако им успева. Сè на сè, ова е приказна за Мајмуните во Бабун Градот…“, изјавуваат момците од Банда инструментале.

„Мајмуни“ e дело на Борис Минов и Петар Младеновски, а е во аранжмана на Суперхикс. Снимена е во студиото МАРИФЕТ Скопје, а продуцирана од страна на Ивица Јанкуловски Штраф. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑