Македонија 1014115_719496494741360_1656598920_n

31 јануари, 2014

Суперхикс снимаат нов видео запис

Суперхикс дружината, подмладена, проширена и надградена, годинава ја започнува активно и тоа подготвувајќи нов видео запис. Бендот деновиве во просториите на кумановскиот театар го заврши снимањето на спотот за „Безгрешен“, кој во моментов е во постпродукција, а наскоро најавуваат и промоција на истиот!

Познавајќи го стилот на Суперхикс банда инструментале знаеме дека нѐ очекува уште еден уникатен видео продукт. Пред официјалната промоција, дел од атмосферата позади сцената со Хикси, на видео-сетот за „Безгрешен“, можете да погледнете од фотографиите на овој линк, а момците го објавија и трејлерот кој можете да го погледнете во продолжение.

Песната „Безгрешен“ е дел од „Африка“, последниот албум на Суперхикс, а по видео спотот за синглот Скок кој бендот го објави минатата година, спотовите за најавниот сингл „Африка“ и песната „На лута рана“, „Безгрешен“ е четвртиот сингл од овој албум кој добива свој видео запис.

 



Врати се горе ↑