Концерт 396214_517410048287242_179785948_n

1 декември, 2012

Суперхикс се подготвени да направат бум!

Вечерва ќе се случи долгоочекуваниот позитивен концерт на нашата банда инструментале Суперхикс, со кој членовите на бендот заедно со нивните фанови ќе го прослават „полнолетството“ во Метрополис Арената во Скопје.

На големиот славенички концерт во рамки на фестивалот Таксират 14 на групата ќе ѝ бидат поддршка битолското сурф-панк трио Молокаи и алтернативниот рок-состав Чарли Хит од Скопје. „Позитивниот концерт“ на кој момците од Суперхикс ќе го промовираат четвртиот студиски албум „Африка“, ќе биде збогатен и со сет на диџеј Славе.

Суперхикс на „Позитивниот концерт“ подготвуваат дополнителни изненадувања за своите фанови. На овој концерт ќе ги пречекаат и избраниците од „Хикси“ пропагандата за музичко будење и акцијата „Кој нè слуша, нека игра“, која се случуваше во неколку средни училишта во Скопје.

Влезници за концертот во претпродажба денеска може да се купат по цена од 300 денари во продажните салони на One и продажната мрежа на „МКтикетс“, Југотон, кафе „Круг“, кафе „Браво“, „Кастм Паб“, Камарад – Рамстор, Розе Веро 2, Супер Тобако. Доколку некој не обезбеди карта на време, може истата да ја плати на врата по цена од 400 денари. Вратите се отворени во 20 часот, а концертот почнува симболично во 21.18 часот.

Во продолжение погледнете како бендот се подготвуваше деновиве за вечерашниот концерт, а Ви препорачуваме да не го пропуштате бидејќи ова е воедно и последниот концерт кој ќе го одржат Хикси, бидејќи бендот се распаѓа, а дел од членовите ќе продолжат со соло кариера.

 



Врати се горе ↑