Галерија

4 март, 2019

„Суперхикс“ прославија 25 години во МКЦ

Изминатиов викенд, поточно вчера (недела, 3 март), „Суперхикс“ во МКЦ ја прослави 25-годишнината од својот прв настап. Фуриозната „банда инстурументале“ се врати на корените кои започнале во 1994 година со настапот во „Дорс“ во Дебар маало, на истиот ден – 3 март.

Песните како „Раде“, „Африка“, „Глупави песни“, како и најновиот сингл „Модердна љубов“, го размрдаа МКЦ во целост. Нивните фанови уживаа во музиката која веќе две и пол децении ја задржува својата уникатност и позитива. Музиката на „Суперхикс“ ги исполнува Скопје и Македонија со ритам кој ќе владее уште многу години.

Фотографии: Димитар Лазаревски – Џими



Врати се горе ↑