Македонија 546356_416874048336941_988646465_n

7 октомври, 2013

Суперхикс промовираат нов видео запис за „Скок“

Суперхикс банда инструментале денеска (07.10.2013) премиерно ќе го претстави новиот видео запис снимен за песната „СКОК“. Премиерното емитување на новиот видео запис ќе биде на регионалниот музички канал „Ем-ти-ви“, со почеток во 20:00 часот.

Песната „Скок“ е дел од „Африка“, последниот албум на Суперхикс кој беше објавен минатата година, а спотот за песната го направија „Creative Lab“ од универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје. Користени се снимки од турнеите во изминатите десетина години, а во видеото се вклучени и средношколците од средното училиште „Георги Димитров“ од Скопје со својот Флеш Моб.

Одлучивме да се направи видео за песната СКОК, бидејќи истата имаше најмногу прегледувања на нашиот „Јутјуб“ канал, од сите кои ги поставивме за нашиот последен албум „Африка“. Се работи за не толку типична ствар за нас, во чија основа лежи драм’ен’бејс ритам. Ствар која мора да ве поттикне да станете и да играте! Им благодариме на учениците од средното училиште „Георги Димитров“ во Скопје, кои неуморно работена на нивниот Флеш Моб! Кој не игра, нека си оди дома!“- велат Хикси.

Суперхикс, бендот кој оваа година имаше чест да го отвори концертот на големите Грин Деј во Белград, следната година слави 20 години од своето постоење.



Врати се горе ↑