Македонија Hiksi_6

30 март, 2014

Суперхикс промовираат нов видео спот за песната „Безгрешен“

Подгответе се за ска-панк експлозија! СУПЕРХИКС имаат нов видео спот за песната „Безгрешен“ кој премиерно ќе биде прикажан на „Ем-ти-ви“ каналот во понеделник (31-ви март 2014) во 20:00 часот, во рамките на „Ем-ти-ви Премиера“. Спотот за песната „Безгрешен“ неодамна е снимен во кумановскиот театар. На спотот работеа Слободан Петрушевски како директор на фотографија, за шминката беше задолжена веќе етаблираната филмска уметница Мојца Горогранц, на која ѝ помагаше Анастасија Башеска, за монтажата беше одговорен Благоја Неделковски, а Влатко Чочоровски е арт директор на спотот.

Безгрешен“ е дел од „Африка“, последниот албум на СУПЕРХИКС и по видео синглот „Скок“, кој бендот го објави минатата година, најавните синглови „Африка“ и „На лута рана“, „Безгрешен“ е четвртиот сингл од албумот кој добива свое видео. Дружината на СУПЕРХИКС банда инструментале, подмладена, проширена и надградена, оваа година активно тргна во прослава на 20 години постоење на бендот. По тој повод во април 2014 ќе биде објавено и „Greatest Hits“ ЦД изданието кое ќе биде проследено со прослава на 20 годишнината од постоењето на бендот.

Најавата за новиот видео запис погледнете ја во продолжение.

 



Врати се горе ↑