Видео

22 февруари, 2019

„Суперхикс“ пеат за „Модерна љубов“

Во пресрет на славеничкиот концерт на 3 март, со кој ќе прослави 25 години од својот прв настап во некогашниот „Дорс“ во Дебар маало, „Суперхикс банда инструментале“ денеска го објави својот нов сингл насловен „Модерна љубов“.

Песната и видеото се снимени во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски и за првпат како редовен член на бендот учествува и Стефан Алексовски на клавијатури, а како звучи и изгледа нивната „Модерна љубов“ дознајте во продолжение.

 

 

Од групата информираат дека билетите за настапот во МКЦ се на работ на распродавање и повикуваат оние кое сакаат да присуствуваат на шоуто да побрзаат со набавката на истите.

Друштво, на концертот на 3.3. во МКЦ ќе ја поддржиме иницијативата Храна , А Не Оружје!Секој од посетителите ќе може на…

Gepostet von Superhiks am Montag, 18. Februar 2019



Врати се горе ↑