Македонија veles easter

3 мај, 2013

СУПЕРХИКС настапуваат на најголемата велигденска забава

Шестчлениот фуриозен состав СУПЕРХИКС, на 3-ти мај ќе ја предводи најголемата велигденска забава во Македонија, EASTER FESTIVAL кој се одржува во Велес. Ова ќе биде прв настап на Суперхикс пред велешани по цели 16 години, па се очекува енергичен и еуфоричен настап на бендот, кој и онака е познат по најдобрите концертни забави кај нас. Easter Festival годинава се одржува по втор пат, во спортскиот центар „Гемиџии“, а покрај Суперхикс, годинава фестивалот ќе ги претстави и настапите на Фолтин, The Hounds , Blue Sky, а предвидена е и афтер-забава со диџеите на Antenna 5 Radio.

По гостувањето во Велес, нашата најактивна банда инструментале, овој месец ја очекува и настапот на првото издание на Aqua Park Fest, кој ќе се одржи на 24-25 мај во Пробиштип, а потоа Хикси летото го продолжуваат со до сега потврдените концерти во Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и Романија.

 



Врати се горе ↑