Македонија Superhiks1

23 август, 2013

Суперхикс на мини-турнеја во Бугарија и Романија

Суперхикс банда инструментале заминуваат на продолжен викенд и мини-турнеја во Бугарија и Романија, со која ја привршуваат летната концертна сезона. Како дел од овој „тур-лег“, Хикси синоќа (22-ри август) најпрво настапија во клубот „Мајмунарника“ во главниот град на соседна Бугарија. Веќе следниот ден, момците заминуваат на пат кон Романија каде што ќе одржат два концерти. Првиот од нив ќе се одржи вечерва (23-ти август), во рамките на „Буковина Рок Касл“ фестивалот во градот Сукаева, за потоа да продолжат кон Букурешт каде што се најавени како главни ѕвезди на саботната вечер од фестивалот „Поиана Урбана“.

Шестчлениот фуриозен состав на Суперхикс, од самиот старт еуфорично ја започна овогодинешната летна концертна сезона, со над 15 одлични настапи во земјава и регонот, од кои се издвојуваат фестивалските фешти во рамките на „Аква Парк Фест“ во Пробиштип, „Белград Колинг“ (Србија) каде што настапија како предгрупа на Грин Деј, потоа следеа и „Демо Фест“ (БиХ), „Лент Фестивал“ (Словенија), „Млади Фест“ (Словенија), но и неодамнешниот настап во рамките на „Струмица Опен Фест“.



Врати се горе ↑