Концерт Superhiks1-620x350

13 февруари, 2013

Суперхикс ќе настапат на „Белград Колинг“

Скопската инструментална банда Суперхикс и новосадските панк-рокери од Атеист рап на 27-ми мај ќе го отворат фестивалот „Белград колинг“, кој ќе се одржи на Калемегдан во српската метропола. Познатите регионални состави ќе свират пред премиерниот настап во овој дел од светот на популарниот бенд Грин деј. Култните американски музичари доаѓаат во Белград по рамките на промотивната турнеја на нивната албумска трилогија „¡Uno!¡Dos!¡Tré!“. Гитарската забава ќе ја зголеми и хрватската група Хладно Пиво.

Суперхикс свири во Белград по речиси четири години од последната регионална серија на концерти, на која го промовираше албумот „И сега што?“. Бендот на крајот од минатата година го издаде албумот „Африка“ и во Метрополис арена одржа голем концерт на кој го промовира изданието и воедно прослави 18 години постоење.



Врати се горе ↑