Македонија 578732_428228850538696_1106296937_n

29 ноември, 2012

Суперхикс ќе го одржат нивниот последен концерт

Непосредно пред големиот концерт со кој нашата банда инструментале Суперхикс ќе го прослави своето полнолетство, воедно ќе биде и нивниот последен концерт. Деталите околу оваа вест ќе ги соопштат самите членови на бендот на прес конференцијата која ќе се одржи утре, 30-ти ноември, точно еден ден пред самиот концерт закажан за сабота во „Метрополис Арената“, а истиот е во рамките на фестивалот Таксират 14.

Шестчлениот бенд својот прв настап го имал во клубот Дорс на 3-ти март 94-та. До сега имаат издадено 4 албуми чија продажба е близу 200.000 копии. Нивниот сингл „Раде“ беше првиот македонски спот прикажан на музичкиот канал MTV.

Концертот е промоција на нивниот последен студиски абум „Африка“. Годината во која одбележуваат полнолетство за бендот беше успешна, освоија награда за спот и хит на годината за синглот „Африка“, а одржаа и концерти во Загреб и Птуј.

 



Врати се горе ↑