1 мај, 2017

„Суперхикс“ ја екранизираа својата „Луда глава“

На почетокот на март годинава, „Суперхикс банда инструментале“ го објави својот нов албум насловен „Underground Evergreens“, а како прв сингл деновиве беше објавена темата „Луда главо“, која стигна заедно со видео запис. Станува збор за песна во стилот на музиката од педесеттите години на минатиот век, а токму таква атмосфера има и во видеото изработено од продукцијата „Мелем“, под режисерската палка на Огнен Шапковски. Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.

17951656_1487427771269565_1771495038850024300_n

Новиот материјал е сниман, миксуван и мастериран од страна на Мите Димовски во студиото „Тра ла ла“ во Скопје, а еден мал дел е сниман и во студиото на Ивица Јанкуловски. Дел од композициите се реализирани и со гостите на „Суперхикс“ за ова студиско издание, меѓу кои сретнуваме имиња како Канџија и Токсара од Хрватска, но и македонските музичари Киклоп и Александар Конга. Дизајнот за истиот е направен од страна на дизајнерот Томи Џуровски.

Покрај „Луда главо“, на албумот се најдоа и претходно објавените „Рампарарам“, „Мајмуни“, „После толку години“ и „Жал ми е за децата“, а освен во цеде, наскоро ќе биде достапен и во винил издание.

 18010536_1487427767936232_3126833847909753327_n



Врати се горе ↑