Настани 4c27af03-85af-4ef0-a7e8-55951cb25b0a

29 декември, 2014

„Суперхикс“ и „Пеперминт“ ја најавуваат најжешката новогодишна вечер!

„Метрополис Арена“ е веќе подготвена за уникатниот пречек на Новата 2015 година и најлудата прослава со најдоброто од македонската музичка сцена во организација на „Октопуси Ентертејнмент“.  Вечерта на 31 декември, магичното место во Скопје ќе биде токму големата „Метрополис Арена“ специјално уредена во новогодишен стил и бината на која во новогодишната атмосфера ќе настапат „СУПЕРХИКС“, „ПЕПЕРМИНТ“, ГОЦЕ (САФ) и ЛД ПИСТОЛЕРО и САМОИЛ РАДИНСКИ, со кои заедно ќе ја испратиме старата и на најдобар начин ќе ја дочекаме Новата 2015 година.

Гаранцијата за новогодишната фешта на овој настан доаѓа и директно од „СУПЕРХИКС“, нашата најактивна банда инструментале позната по енергичните и еуфорични настапи. Фуриозниот состав „Суперхикс“ е вистински избор за максимално вжештување на новогодишната атмосфера и за незаборавна вечер, а новогодишното концертно лудило „Хикси“ го најавија и соследниот видео поздрав:

Со нас ќе биде и бунтовната и алтернативна музичка дружина на Пеперминт, име кое важи за едно од најголемите освежувања на домашната музичка сцена и е препознатлив по исклучително позитивната атмосфера која владее на нивните настапи, а доказ за нивниот квалитет се и бројните успеси кои бендот во континуитет ги остварува во последните години.Со „Пеперминт“ подготвени за еден несекојдневен позитивен концерт на кој ќе ги претстават своите хитови, новата година на самиот свој старт со сигурност ќе звучи многу подобро: 

 

Но и тоа не е сè! За оваа магична ноќ, задолжени за енергично хип-хоп лудување се и македонските хип-хоп ѕвезди, еден од најактивните рапери на домашната сцена Владимир Пешков познат како ЛД ПИСТОЛЕРО кој ќе настапи заедно со диџеј ГОЦЕ САФ, кој на крајот на 90-тите беше познат на македонската андерграунд сцена како дел од групата САФ. Ова дуо со своите соработки е веќе добро познато во скопските хип-хоп и р&б кулоари по најдобрите забави во градот, а покрај работата како дуо, двајцата зад себе имаат и низа успешни соработки со релевантни имиња од домашната и регионалната хип-хоп сцена.

Покрај тоа, на самиот почеток на Новата година забавата во „Метрополис Арена“ ќе го очекува својот максимум со настапот на САМОИЛ РАДИНСКИ, диџејот и продуцент кој активно ја промовира електронската музика уште од самите почетоци на оваа музика како движење. Човекот кој покрај тоа што е познат по квалитетот на сопствената продукција и творештво, ги промовриал и настапувал со низа артисти како што се Дерик Меј, Кевин Сондерсон, Карл Крег, Кени Ларкин, Џин Фарис, Фабрис Лиг, Фанк д војд и многу други. EPM за него вели: „Самоил е со секое право во првите редови на новата авангарда на европската денс музика“, додека пак Орландо Вурн ќе каже: „уште еден брат кој многу добро го разбира тоа, вистински воин на софистицираната андерграунд музика“.

Вечерта на 31 декември во „Метрополис Арена“ во Скопје дочекајте ја 2015 на најдобар начин со познатите „виновници“ за незаборавните журки и музичките имиња кои станаа препознатливи по одличната атмосфера на нивните настапи, големиот број фанови и исклучителните концерти.

Влезниците за најдобрата новогодишна прослава со најдоброто од Македонија се веќе достапни во претпродажба по промотивната цена од 300 денари, а истите на 31 декември на влезот на „Метрополис Арена“ ќе се продаваат по цена од 400 денари. За овој настан достапни се и ВИП влезници од 500 денари, како и ВИП пакетите од 4.000 денари (4 ВИП влезници + барска маса + Jegermeister/Finlandia/Jack Daniels).

Продажбата на влезниците се спроведува преку продажната мрежа на МКтикетс, а повеќе информации се достапни на mktickets.mk/thebestofmk , како и на официјалната „фејсбук“ страница на настанот .



Врати се горе ↑