Промоции 10151145_755578154466527_540962251041625286_n

14 април, 2014

Суперхикс го промовира цедето „The Best of 20 so far“…

Дружината на СУПЕРХИКС банда инструментале, подмладена, проширена и надградена, оваа година активно тргна во прослава на 20 години постоење на бендот. По тој повод, утре (вторник, 15 април) ќе биде објавено цеде изданието „Суперхикс The Best of 20 so far…“! Овој албум, чиј дизајн го изработи Гоце Лалковски (Dj Goce D’Sauce), носи 18 песни кои во најголема мера ја одбележаа досегашната кариера на бендот.

Промоцијата на албумот „Суперхикс The Best of 20 so far…“ ќе се одржи утре во „Југотон“ (Скопје, ГТЦ, прв кат) со почеток во 12:00 часот, а со отворена покана до сите свои фанови и пријатели, банда инструментале најавува дека промоцијата ќе биде проследена и со заедничка прослава на 20 годишнината од постоењето на бендот.



Врати се горе ↑