1 април, 2014

Суперхикс го претставија видео записот за „Безгрешен“

Вчеравечер во рамките на емисијата „MTV Премиера“ на регионалниот музички канал MTV беше премиерно претставен новиот видео запис на  СУПЕРХИКС за темата „Безгрешен“ која е четврт сингл од нивниот актуелен албум „Африка“. Видеото се снимаше неодамна во кумановскиот театар, а на неговата реализација работеа Слободан Петрушевски како директор на фотографија, за шминката беше задолжена веќе етаблираната филмска уметница Мојца Горогранц, на која ѝ помагаше Анастасија Башеска, за монтажата беше одговорен Благоја Неделковски, а Влатко Чочоровски е арт директор. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Дружината на СУПЕРХИКС банда инструментале, подмладена, проширена и надградена, оваа година активно тргна во прослава на 20 години постоење на бендот. По тој повод во април 2014 ќе биде објавено и цедето „Greatest Hits“, издание кое ќе биде проследено со прослава на 20 годишнината од постоењето на бендот.



Врати се горе ↑