Македонија сх

3 март, 2017

„Суперхикс“ го објави новиот албум „Underground Evergreens“

„Суперхикс“ го објавува својот нов албум насловен „UNDERGROUND EVERGREENS“, кој групата официјално го претстави денеска (петок, 3 март 2017). Промоцијата беше отворена за сите фанови на „Суперхикс“, а се одржа во просториите на музичката продавница „Југотон“ (Скопје, ГТЦ, 1 кат) со почеток во 13.00 часот.

Албумот е сниман, миксуван и мастериран од страна на Мите Димовски во студиото „Тра ла ла“ во Скопје, а еден мал дел е сниман и во студиото на Ивица Јанкуловски. Дел од композициите се реализирани и со гостите на „Суперхикс“ за ова студиско издание, меѓу кои сретнуваме имиња како Канџија и Токсара од Хрватска, но и македонските музичари Киклоп и Александар Конга.

Дизајнот за истиот е направен од страна на дизајнерот Томи Џуровски.

52298715-7e53-4fc9-8cd8-c469bb6fed48

Покрај објавувањето на цеде форматот, кој излегува овој петок, „Суперхикс“ најавуваат дека за овој албум наскоро ќе биде изработен и винил.

Новото студиско остварување на „Суперхикс“ не случајно е промовирано токму на 3 март. Имено, на овој ден далечната 1994 година бендот го имаше својот прв настап, па ова е практично и одбележување на 23 години од постоењето на „Суперхикс“.



Врати се горе ↑