Македонија Superhiks1-620x350

14 март, 2013

Суперхикс главни ѕвезди на Балкан Фест во Солун

Суперхикс банда инструментале после 19 години постоење, ќе го одржи својот прв концерт во соседна Грција. Хикси утре (15.03.2013) настапуваат на второто издание на Балкан Фест со посебно место на фестивалот кој ги најавува како главни ѕвезди на ова издание. Тие се воедно и првиот македонски бенд кој настапува на овој фестивал. Балкан фест се одржува во Солун, а покрај најпопуларниот ска бенд од регионов, на фестивалот настапуваат  Баилдса од Грција и Оранитза од Бугарија.

Балкан Фест, после огромниот успех на ланското издание со илјадници посетители, се наметнува како еден од најголемите балкански фестивали, чија идеја е да ја потенцира балканската култура и различните карактеристики на луѓето од југоисточна Европа, со цел да прерасне во мост кој ќе ги поврзува балканските култури и културни активисти.

Веќе следниот ден (16.03.2013) после овој настап на Балкан Фест во Солун, шестчлениот фуриозен состав на Хикси се враќа на домашен терен во Струмица, со концерт на Струмичкиот карневал кој ќе се одржи на паркинг-просторот кај плоштадот.

 



Врати се горе ↑