Настани 2

31 мај, 2013

„Суперхикс“ еуфорија и пред култните „Грин деј“

По одличниот и еуфоричен концерт на Аква Парк Фест минатиов викенд, „Суперхикс банда инструментале веднаш замина кон Белград каде ги очекуваше настапот за отворање на фестивалот „Белград колинг“. Во рамките на овој фестивал нашиот шестчлен фуриозен состав беше македонскиот музички претставник на најдобрите регионални бендови кои, заедно со „Атеист рап“ (Србија) и „Хладно пиво“ (Хрватска), настапија пред премиерниот настап во овој дел од светот на култните и светски панк-рок ѕвезди „Грин деј“.

 

!Суперхикс“ свиреа во Белград по речиси четири години од последната регионална серија на концерти, на која бендот го промовираше албумот „И сега што?“ и одржаа жесток концерт кој публиката долго ќе го памети.

Српските медиуми, како и сите во регионот известуваат за нивниот настап со најпозитивни оценки: „По Atheist Rap, беше ред Суперхикс да покажат што знаат. И покажаа, со сета сила! Голем дел овој бенд  вчера го слушаа прв пат, но судејќи по реакциите, нема да им биде и последен. Уиграната и искусна екипа Македонци, со својата мешавина на панк, ска и реге музика, добро ја раздрма публиката…“ (Metal Serbia).

 

Од 19.20 на бината излегоа еуфоричните скопски ска-панкери Суперхикс. (…) Одржаа многу енергичен, речиси еуфоричен настап, зачинет со дувачката секција, покрај моќните рифови, но и семплери со кои го модернизираат ска звукот, како и нешто посилниот ‘кросовер’ звук, прошарувајќи низ хитовите од почетокот на својата кариера до новиот албум ‘Африка’“ – пишува српскиот „Денес“.

Како изгледаше концертот на „Суперхикс“ можете да погледнете и во следното видео.

Хикси се вратија со подеднакво позитивни импресии од ова „чистокрвно панк-рок шоу“ и одат понатаму. Веќе во јуни бендот го продолжува походот со повеќе настапи во Словенија, а потоа и Хрватска, Романија, Боса и Херцеговина.

 

 



Врати се горе ↑