Македонија superhiks-polnoletstvo-so-pozitiven-koncert-105600

19 октомври, 2013

Суперхикс банда инструментале продолжува со нови настапи

Веќе знаете, нема стоење за Суперхикс! По промоцијата на новиот видео запис за песната „Скок“, момците од нашата најактивна банда инструментале најавуваат нови настапи за своите фанови! Синоќа (петок, 18-ти октомври 2013) Суперхикс имаше несекојдневен настап на театарската сцена. Имено, во рамките на затворањето на фестивалот „Денови на комедија“ кој се одржува во Куманово, бендот со својата музика и песни кои беа изведувани во живо, беше дел од премиерата на претставата „Нажалена фамилија“ (текст: Б.Нушиќ) во режија на Драгана Милошевска Попова, а во соработка со кумановскиот театар.

По театарскиот перформанс, Суперхикс во недела (20-ти октомври 2013) ќе настапат на фестивалот „Виноскоп“ во Скопје. Влезот на фестивалот е слободен за сите посетители, а фановите на Суперхикс оваа вечер ќе имаат прилика да уживаат во оригиналната сет-листа на Суперхикс, но и да ги запознаат новите членови на банда инструментале.

Во меѓувреме додека уживате во Хикси фештата, ве потсетуваме дека можете да гласате за вашата омилена Суперхикс банда инструментале која влезе во топ листата „Домачица“ на регионалниот MTV канал, во изборот на најдобрите видео спотови во регионов.



Врати се горе ↑