Балкан Werefox:SaÅ¡o BenkoDavid HalbMelanija Fabčič - MeléeManuel Hahn

12 јануари, 2013

Супергрупата Werefox го објави својот деби албум

Словенечката супергрупа Werefox го објави својот дискографски првенец насловен „I Am Memory“ во дигитален и физички формат во соработка со издавачката куќа God Bless This Mess Rec. Увертира во албумот претставуваше првиот видео сингл „March of The Finest“, а во средината на декември ја претставија и нумерата „The redneck genius story“.

Групата составена од музичари од бендовите Lollobrigida, Psycho-Path, Sphericube, Manulm, Bekko и тн, го препушта изборот на публиката дали ќе го набави овој албум во дигитална или физичка форма, а исто така и за оние кои не се во можност да го купат, можат бесплатно да го симнат албумот на следната страница: http://werefoxband.bandcamp.com/album/i-am-memory

„Веруваме дека музиката треба да патува низ светот и да биде слушана“ – изјавија членовите на Werefox, истовремено објаснувајќи зошто се одлучија албумот да го постават и за бесплатно симнување. Концертната промоција на албумот ќе се одржи во Кино Шишка во Љубљана на 17-ти јануари, потоа следуваат концерти во неколку градови во Словенија, а веќе на пролет бендот ќе замине на турнеја во другите држави од поранешна Југославија.

 Во продолжение погледнете го видео записот за најавниот сингл „March of the Finest“.

 

 

 

 



Врати се горе ↑