Настани сс

11 август, 2017

„Супер Скопје“ со Сергеј и Бајага на 18 и 19 август

Супер Скопје, четири супер викенди во Скопје. „Супер Скопје“ е проект во организација на Град Скопје, КЦ „Александар Македонски“ и „Горила продукција“, како и сите угостителски објекти каде што ќе се одржат настаните наредни четири викенди. Првиот викенд е резервиран за настапите на регионалните и домашните музички ѕвезди на „Кеј 13 Ноември“.  Музичката програма започнува на 18.08.2017 во петок со настапот на Сергеј Четковиќ, додека на 19.08.2017, сабота настап ќе имаат Бајага и неговите „Инструктори“.


Бината за настапот на Сергеј Четковиќ ќе биде поставена помеѓу локалите „Бела виста“ и „Каса кубана“, додека бината за настапот на Бајага и „Инструктори“ ќе биде поставена помеѓу ресторан „Дион“ и „Соул кичн“.



Врати се горе ↑