Настани TheWineryDogs_artist

13 јуни, 2014

Супер групата Д Вајнери Догс на фестивалот „Пиво ин цветје“ во Словенија

Супер групата Д Вајнери Догс (The Winery Dogs) на 17 јули ќе настапи на фестивалот „Пиво ин цветје“, кој станува еден од најголемите летни фестивало во Словенија, но и во целиот регион. „Пиво ин цветје“ ќе се одржи од 17-20 јули, а на неколку различни големи сцени ќе настапат преку 50 изведувачи.

Како едно од најголемите имиња, заедно со бројни други регионални и светски ѕвезди, на овогодишното издание на фестивалот ќе настапи и супер групата Д Вајнери Догс составена од Мајк Портној, еден од најдобрите тапанари на денешницата, бас гитаристот Били Шинан (УФО, Дејвид Ли Рот, Мистер Биг, Стив Ваи…) и Ричи Коцен, кој објавил преку 20 соло албуми и свирел во бројни познати бендови. Бендот доаѓа на „Пиво ин цветје“ во рамките на својата прва европска турнеја.

 

Интересно е тоа што по повод 50-тото издание на фестивалот, влезот на сите бини ќе биде бесплатен, освен на главната Златорог во местото Јагоче кај градот Лашко. Оваа сцена е конципирана како фестивал во рамки на фестивал, продажбата на влезници се одвива преку www.pivo-cvetje.si, а сите посетители ќе имаат обезбедено место за паркирање и бесплатно камп место.

 



Врати се горе ↑