Аудио suede3

8 јануари, 2013

Суед се враќаат со нова песна по 10 години

Суед (Suede), бендот кој заедно со Оејзис, Блур и Палп ја одбележа британската поп музика во деведесеттите години, иако од 2002 година нема објавено нов материјал, во март 2013 година се враќа со нов албум „Bloodsports“. Првиот официјален сингл кој ќе го најави новиот албум ќе биде нумерата „It Starts And Ends With You“, која ќе биде промовирана во февруари, но бендот реши да ги израдува фановите со нова песна. Станува збор за нумерата „Barriers“, која бесплатно ја подаруваат на нивните фанови на страницата suedebarriers.viinyl.com а истата можете да ја преслушате во продолжение.

 



Врати се горе ↑