Настани ImageProxy

16 мај, 2014

Суед доаѓаат на Егзит фестивал

Иконите на глам рок музиката и британската ексцентричност и зачетниците на брит поп бранот, правецот кој го прославија ширум светот заедно со Оејзис (Oasis) и Блур (Blur), СУЕД (SUEDE)на чело со харизматичниот Брет Андерсонпрв пат доаѓаат на ЕГЗИТ како хедлајнери на главната бина во недела, 13 јули.

Авторите на славните хитови Beautiful Ones‘Trash’, ‘Animal Nitrate‘The Wild Ones’, ќе ги претстават своите најслушани песни, но и материјалот од својот последен, шестти по ред албум, „Bloodsports“кој списанието „Кју“ го смести меѓу најдобрите албуми за 2013 година. Последниот ден на ЕГЗИТ фестивал, љубителите на бендот ќе се потсетат зошто со ноќи „пателе“ за згодниот фронтмен Андерсон, нишајќи се во ритамот на песните на британскиот заводник, набиени со електрицитет, но и зошто овој бенд на почетокот на деведесеттите важеше за „најдобар нов бенд во Велика Британија“.

 

Добитниците на „Меркјури“ музичките награди и хероите на поп рок сцената на деведесеттите, Суед, светската сцена ја освоија во 1993 година со својот истоимен деби албум, кој набрзо стана најпродаваниот деби албум во Велика Британија! Албумот „Coming Up“ од 1996. година достигна до првото место на листата на најдобри албуми во Британија, додека секој од петте синглови беше сместен во листите на топ десет најдобри песни на островската сцена.

По разидувањето на бендот во 2003 година, Суед по долги десет години пауза, на почетокот на оваа деценија повторно се обединија и направија уште еден поп-рок бисер, „Bloodsports“, објавен во март 2013 година. Албумот е резултат на макотрпната работа и ги претставува најдобрите од повеќе од 50 песни кои се настанати во плодниот период по повторното собирање на бендот.

Новиот албум е најдобриот можен начин за повторно враќање на сцената: „Тоа е албум за страста, љубовта, опсесијата, отуѓувањето, грубоста, безгрижното напуштање, бакнежите од анасон и со крв заплетените бојни полиња на романсата.

 

Сингловите од „Bloodsports“, It Starts And Ends With You’, ‘Hit Me’ и многу други, покрај славните хитови од претходните албуми, со сигурност ќе ја маѓепсаат публиката на главната бина на ЕГЗИТ фестивал. Време е за Суед!

По повод 15-тото издание на ЕГЗИТ, фестивалот започнува на 11 јуни со РОК@ЕГЗИТ фестивалот на Петроварадинска тврдина, продолжува на истото место 10-13 јули на ЕГЗИТ фестивал, по што летната журка се сели на Јадранскиот брег со СИ ДЕНС фестивалот ќе се одржи од 15 до 17 јули 2014. на плажата Јаз во Будва и ќе претставува совршен завршеток на осумдневната ЕГЗИТ АВАНТУРА.

Во продажба се влезниците за ЕГЗИТ АВАНТУРА со претпродажната цена од 4.320 денари. Влезница за ЕГЗИТ АВАНТУРА подразбира четиридневна влезница за ЕГЗИТ ФЕСТИВАЛ 2014 и тридневна влезница за СИ ДЕНС ФЕСТИВАЛ 2014.

НЕМАШ КАРТА? ИМАШ ПРИЈАТЕЛИ? До 25 мај во тек е акцијата 5 + 1 со која на 5 купени комплети за ЕГЗИТ АВАНТУРА добивате 1 гратискако и карти за „Queens Of The Stone Age“ бесплатно за сите! Повеќе информации на линкот www.exitfest.org и на www.mktickets.mk .

Во продажба е и тринаесетдневен ЕГЗИТ АВАНТУРА ПАКЕТ по цена од 11 350 денари.



Врати се горе ↑