Промоции string-forces

20 март, 2013

„Стринг форсис“ се враќаат со нов сингл

Еден од најоригиналните македонски состави „Стринг форсис“ се враќаат на музичката сцена со нов сингл. Новото аудио визуелно музичко парче насловено „Причина-предумисла“ ќе ја доживее својата промоција утре, четврток 21 март, во клубот „Менада“ со почеток од 21 часот.

Покрај премиерното прикажување на видеозаписот, на промоцијата ќе биде претставена и екипата што работеше на него, а целата атмосфера ќе биде надополнета од тапанарот на „Стринг форсис“, Лазар Дарковски, со неговиот диџеј-настап „A Lazarus Taxon“ во посебно издание за оваа пригода.

 Овој сингл е најава за нивниот нов албум кој е во подготовка.

 



Врати се горе ↑