5 јануари, 2017

„Стринг форсис“ ја започнаа годината со ново видео

Групата „Стринг форсис“ на самиот почеток од новата година промовираше не едно, туку две видеа за песната „Има ли“. Имено, станува збор за иста тема, но две различни монтажи, затоа што едното видео е за македонско говорно подрачје, а другото за германско говорно подрајче, но со мала промена во стилот, изразот, монтажата, колорот и тн.

„Новово парче музика и видео ни е многу драго. Многу слоевито, долго дотерувано, со многу жар, фокус, посветеност и многу нешта едноставно идеално се поклопија“, велат од бендот, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

После сингловите „Ние сме“, „Тишина“ и „Зборот“, ова е уште една најава за претстојниот, петти по ред студиски албум на групата, чија промоција се очекува наскоро.

 

 



Врати се горе ↑