Балкан SMATB

11 март, 2015

„Стрејт Мики енд д бојз“ го објавија истоимениот деби албум

Конечно е објавен долгоочекуваниот албум првенец на фуриозната тројка „Стрејт Мики енд д бојз! Изданието насловено едноставно „Straight Mickey and the Boyz“ е достапно на сервисот Дизер, а наскоро ќе биде објавен и на винил под етикетата на „Одличан хрчак“.„Стрејт Мики енд д бојз“ свират вистински сиров и бескомпромисен рокенрол, во кој се спакувани одлични и остри текстови. „Ова трио ја враќа вербата дека во регионот и тоа како се свири квалитетен рокенрол“, пишува за нив хрватски Дишпет.

Албумот беше најавен со синглот „Црв“, кој за само месец дена успеа да се искачи на врвот на сите релевантни топ листи, а бендот, пак, допрва го очекува концертна промоција на своето првенче ширум регионот. Првиот настап е закажан за четврток, 26 март, кога бендот ќе настапи заедно со групите „Штутгарт онлајн“ и „Бебе на воле“ во загребскиот „Винтиџ индустријал бар“, во рамките на вечерта организирана од порталот „Музика је Звонко Радост“, а се надеваме дека наскоро ќе ги слушнеме и во Македонија.

„Straight Mickey and the Boyz“:

1. Црв

2. Фантастичне мисли

3. Када

4. Сигуран

5. Не

6. Лакши

7. Не осеќам се добро

8. Напечурена



Врати се горе ↑