Видео

23 мај, 2019

Страјк ја екранизираше „Уште еднаш“

Минатиот викенд, во саботата на 18 мај во МКЦ се одржа промоцијата на новиот, трет по ред соло-албум на македонската хип-хоп легенда Страјк „Низ мојот живот“ – кој ги наследи „Кутија“ од 2011 и „Земен рај“ од 2015 година. По повод претставувањето на новото издание, музичарот го објави видеото за темата „Уште еднаш“, чии стихови се негово дело, а битот, миксот и мастерингот се на долгогодишниот колега и соработник Гоце САФ.

Сето тоа го визуализираше екипата на „Ротосотоп ентертејнмент“, користејќи снимки од минатогодишниот спектакуларен и прв самостоен концерт во рамките на „Таксират“. Љубителите на музиката на Страјк ќе имаат уште една можност да уживаат во неговиот концерт што ќе се одржи летово на „Д фестивал“ во Дојран, а дотогаш уживајте со видеото за „Уште еднаш“!



Врати се горе ↑