2 април, 2018

„Stop Me From Falling“ е новиот сингл на Кајли Миног

Австралиската дива Кајли Миног деновиве го претстави видеото за вториот сингл од претстојниот албум „Golden“, кој беше најавен со хитот „Dancing“. Пејачката и овој пат можеме да ја слушнеме во кантри-поп стил, а како изгледа и звучи „Stop Me From Falling“ дознајте горе.

Освен новото видео, 49-годишната ѕвезда ја објави и темата насловена „Raining Glitter“, која е своевидно навраќање на нејзиниот карактеристичен денс-поп звук, а дали и оваа песна ќе добие светкаво видео останува да дознаеме наскоро.

 

Новиот, 14. по ред албум на Миног, „Golden“, ќе излезе на 6 април, а материјалот ќе биде промовиран во рамките на истоимената светска турнеја што ќе започне во септември во Велика Британија и Ирска, па се надеваме дека ќе имаме можност да ја видиме и во Македонија или регионот.



Врати се горе ↑