Видео

14 декември, 2017

Стојне Николова со три нови видеа

Три екранизации за трите нумери: „Тебе ти припаѓам“, „На друг не давај ме“, „Мелем за душа“. Очигледно младата и атрактивна пејачка Стојне Николова и нејзиниот тим убаво се испотиле периодов што измина. Станува збор за песни зад кои како автори се потпишуваат: Борче Димитров, Љупчо Павловски, Бобан Мојсовски, Љупче Василев и Орце Зафировски.

„Не станува збор за класични видеоспотови, туку за арт-видеа, тренд кој периодов е актуелен во регионов, па и светот. Сите видеа се снимени на сцената на Универзална сала, но за секое видео беа употребени различни реквизити. Задоволна сум од целокупниот производ и сега не ни останува ништо друго, освен да ги чекаме реакциите на публиката“, вели младата пејачка Стојне.

Видеата ги изработи „Арт продукција“, на чело со Дејан Ѓоргиев, а како изгледа сето тоа можете да видите во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑