Македонија

13 јули, 2019

Стојне Николова најави промоција на првиот албум

Струмичанката Стојне Николова наскоро ќе го промовира својот прв албум што ќе го носи насловот „Мелем за душа“, кој е веќе пратен на печатење. Имено, во неодамнешен разговор со „Естрада плус“, пејачката откри дека станува збор за нејзиното прво издание со новосоздадени авторски песни и го опиша како „спој од модерни песни, поп-фолк и фолк-композиции за сечиј вкус“.

„Тоа се песни кои што внимателно ги одбиравме со мојот тим и песни за кои можам да кажам дека се навистина квалитетни. Верувам многу во нив и мислам дека ќе дојдат нивните пет минути“, рече Николова, која зад себе има и албум со преработки на народни песни што го издаде на возраст од 17 години.

Стојне периодов е актуелна со темата „Спремај мајко дарови“, за која вели дека заедно со „Око мое“ и „После мене“ ја одбележа нејзината кариера.

„Уште не беше промовирана оваа песна и веќе ја побараа на свадва, односно свадбата се отвори со неа и навистина ми е мило, бидејќи може секоја невеста па и нејзината мајка да се пронајдат во неа. Досега немав песна со свадбарска тематика и мислев дека е време да се направи и таква, па и јас ќе бидам една невеста во иднина“, додаде таа.

Извор: estradaplus.com / Фотографии: Фејсбук



Врати се горе ↑