17 јули, 2018

Стојне Николова и Џамбо Агушев ги здружија силите за „После мене“

Фолк-пејачката Стојне Николова деновиве го промовираше своето најново музичко остварување насловено „После мене“, во кое гостува колегата Џамбо Агушев. Станува збор за авторско дело на нејзиниот долгогодишен соработник Бобан Мојсовски, чиј потпис стои на музиката и аранжманот, а стиховите се дело на Љупче Василев, кој ја игра и главната машка улога во видеото.

Песната е снимена во студиото „ХЛ Момировски“, а на видеото работеше екипата на продукцијата „Зона М1“, во чии простории се одржа и самата промоција, додека снимањето се одвиваше на повеќе локации, меѓу кои и коњичкиот клуб „Бравадос“ од Скопје. Како изгледа и звучи оваа соработка на Стојне и Џамбо дознајте горе. Уживајте!



Врати се горе ↑