Македонија

20 јули, 2019

Стојне Николова го објави новиот албум „Мелем за душа“

Струмичанката Стојне Николова неодамна го најави својот прв албум со авторски песни насловен „Мелем за душа“, кој сега веќе е пуштен во продажба како аудио и видео-албум. Пејачката веста ја соопшти преку социјалните мрежи, објавувајќи видео-најава и фотографија од обвивката на новото издание.

Вистинско освежување на македонската фолк-сцена“, напиша талентираната струмичанка, најпозната по хитовите „Око мое“, „После мене“ и актуелниот „Спремај мајко дарови“.

„Тоа се песни кои што внимателно ги одбиравме со мојот тим и песни за кои можам да кажам дека се навистина квалитетни. Верувам многу во нив и мислам дека ќе дојдат нивните пет минути“, рече Николова.

„Мелем за душа“ можете да го најдете во „Југотон“ во Скопје, „Зи-Зи Топ“ во Охрид и во „Сенатор“ во Битола.

Аудио и видео албум – Мелем за душа

Вистинско освежување на македонската фолк сцена! Во продажба е долгоочекуваниот видео и аудио албум од Стојне Николова, насловен "Мелем за душа".

Gepostet von STOJNE NIKOLOVA am Freitag, 19. Juli 2019



Врати се горе ↑