Видео

11 јуни, 2019

Стојне Николова е на пат да стане невеста: „Спремај мајко дарови“

Стојне Николова има нова песна и видеоспот за неа насловена „Спремај мајко дарови“. По последната „Око мое“, која иако новосоздадена, во себе ја носеше душата на македонскиот изворен фолклор, динамитната струмичанка и овој пат како да продолжува во истиот манир.

Песната е компонирана од еден од браќата Нуне  – Филип, додека стиховите и овој пат ги напишал нејзиниот стар соработник, Огнен Неделковски. Продукцијата и снимањето му се препуштени на Горан Момировски и неговото студио „ХЛ“.

Видеоклипот го потпишува продукцијата „Арт студио“, кое се темели врз духот на нашата традиција и симулација на приказната за барање на раката на саканата со сите нишани, за идна невеста. Во видеото главните улоги ги играат и познатите македонски актери Гордана Ендровска и Нино Леви, кој се појавува во улогата на таткото на идната невеста, во случајов младата Стојне.

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑