Видео

4 октомври, 2017

Стојанчо Бучков воодушеви на бугарскиот „Х фактор“

22-годишниот гевгеличанец Стојанчо Бучков е уште еден Македонец кој одлучи да си ја проба среќата на бугарскиот „Х фактор“, а емотивната изведба на баладата „Clown“ од Емели Санде беше вистински погодок за талентираниот пејач, за што жирито не го криеше своето воодушевување и имаше само пофални зборови.

„Емоција облечена во прекрасен глас, прекрасна изведба и прусуство, одлично!“, вака членовите на жирито го опишаа неговиот настап, а не останаа имуни ни двете водителки, кои пуштија по некоја солза… Како изгледаше сето тоа можете да погледнете во продолжение.

 

Инаку, Стојанчо е студент на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрата за англиски јазик и книжевност, но негова голема љубов е и музиката. Тој зад себе има повеќе настапи на музички манифестации, како и одлични преработки на хитови како што се Бондовата „Writing’s On The Wall“ на Сем Смит и „Goodbye My Lover“ на Џејмс Блант.

Неговата аудиција е една од последните што се емитуваа во оваа фаза од натпреварот, а веќе следната недела започнува регрутниот камп, во чии рамки ќе се одбираат 12-те финалисти што ќе се натпреваруваат во финалните вечери во живо. Ние му посакуваме многу среќа на Стојанчо и се надеваме дека ќе продолжиме да го бодриме до победа! Среќно!



Врати се горе ↑