11 октомври, 2017

Стојанчо Бучков совлада уште еден предизвик во бугарскиот „Х фактор“!

Откако сите нè разнежи со емотивната аудиција на бугарскиот „Х фактор“, 22-годишниот гевгеличанец Стојанчо Бучков го совлада и предизвикот на шесте столчиња, обезбедувајќи си место меѓу најдобрите 24, односно најдобрите шест од својата категорија. Со изведбата на евергринот „Unchained Melody“, тој уште еднаш доби само пофални зборови од жирито, вклучувајќи го и неговиот ментор, хип-хоп ѕвездата Криско.

Ти си за мене откритие, ти си Х фактор!“, му рече тој, испраќајќи го да седне на едно од шесте столчиња, каде што претходно седна и кумановецот Марио Арангеловски, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете горе.

Следната фаза од натпреварот е домовите на судиите, кога секој од менторите ќе одбере по три финалисти што ќе се натпреваруваат во финалните вечери во живо, а дали ќе навиваме за Стојанчо до самото финале, па и до победа, ќе дознаеме наскоро. Само напред и среќно!

 



Врати се горе ↑