Галерија Stobi night so zvezdite od Xfactor (7)

14 март, 2014

„Stobi night” со суперфиналистите на X Factor Adria во срцето на Белград

Со висококвалитетно вино, во фантастична клупска атмосфера, минатата ноќ во лоби барот на ресторанот „Језеро” во Белград, 150 пријатели на винаријата Стоби уживаа во живо на настапите изведени од суперфиналистите на X Factor. Кики Лесандриќ, Тамара Милановиќ, Даниел Кајмакоски и Лукијан Ивановиќ ги пееја најголемите поп-рок хитови на домашни и меѓународни ѕвезди како U2, Адел, Тоше Проески, Жељко Јоксимовиќ , Филм, Ријана и Емели Санде.

„Супер се чувствувам овде. Сакам ваков тип на забави во интимна атмосфера, со добро вино и вкусна храна. Не поддржувам консумирање алкохол во големи количини, но понекогаш сакам да се напијам чаша квалитетно бело вино” – изјави Тамара Милановиќ, суперфиналистка на X Factor.



Врати се горе ↑