Свет POTUS/FLOTUS at Stevie Wonder honor event

27 октомври, 2012

Стиви Вондер со песна за Обама

Многу музички имиња во Америка се залагаат за моменталниот претседател на САД, Барак Обама. Но, музичарот Стиви Вондер за уште повеќе да допре до потенцијалните гласачи, сними песна со наслов „Keep Moving Forward“. Нумерата е со арапски призвук и е наменета за поддршка на Обама во претстојните избори.

Во текстуалниот видео запис кој беше објавен вчера,  ја вклучи и пораката „Тоа е твое право. Излези и гласај. Да продолжиме напред!“. Во песната се зборува и за сите достигнувања на претседателот во изминатите четири години од неговиот мандат, како што се крајот на војната, здравствена грижа за средната класа и колеџ за сите.

Пејачот веќе подолго време е поддржувач на Обама, а на 7ми октомври им се придружи на Бон Џови, Кејти Пери и бендот Earth, Wind & Fire за кампањата во Лос Анџелес, настан на кој присуствуваа претседателот, голем број на славни личности и околу 6000 поддржувачи. И самиот Обама е фан на Стиви Вондер, а во една прилика тој изјави дека ако не го сакал Вондер, неговата сопруга Мишел можеби никогаш не би излегла на состанок со него.

Други славни музички имиња кои пееја за Обама се Брус Спрингстин, Џони Резник, Херби Хенкок, Делта Ре и Наташа Бедингфилд. Во продолжение слушнете ја „Keep Moving Forward“.

 



Врати се горе ↑