Концерт kuku-lele-koncert

3 декември, 2013

Стив Кировски специјален гостин на журката на „Куку леле“

Некогашниот вокалист на бендот „Куку леле, кој живее и работи во Австралија, Стив Кировски деновиве ќе допатува во Скопје специјално за големата предновогодишна журка на Куку Леле што ќе се одржи во сабота на 7 декември во „Експо центар“. „Стамбол сосе Бардовци“, „Славеј ми на гранка пее“,„Судија“ се  хитовите кои своевремено Стив ги отпеа како дел од „Куку леле“, а во сабота специјално за публиката која долго време го очекуваше ќе се појави на сцената заедно со Роберт и Панки и ќе ги изведе нивните евергрини.

Огромно е задоволството да се има што повеќе гости на една ваква журка која што верувам дека ќе се памети. Стив беше дел од ’Куку леле’ кога пред речиси 20 години го направивме нашиот прв сингл и видео спот за ’Стамбол сосе Бардовци’ кој беше промовиран во вестите на националната телевизија, што беше огромна чест и успех за нас како естрадни уметници. Песната стана вистински евергрин и среќен сум што повторно заедно со Стив ќе ја изведеме пред публиката во ’Експо центар’“, изјавува Роберт Саздов.

Вистинско доживување ќе биде заедно со „Куку леле“ да се слушне и најдобриот машки вокал за 2013 според радио станиците во Македонија – Димитар Андоновски, кој  ќе биде уште еден специјален гостин на журката во сабота.

За потсетување, билети во претпродажба можете да набавите во Југотон , Камарад- Рамстор, Цвеќарница Розе- Веро 2  и на сите продажни места на МК Тикетс по цена од 200 денари до 5декември (четврток). Во петок и сабота, на 6 и 7 декември цената на билетите ќе изнесува 250 денари, а вечерта пред самата журка на касата на „Експо центар“ ќе бидат 300 денари. 

Забавата ќе започне на полноќ.

 

 



Врати се горе ↑