Концерт

17 декември, 2018

Стинг повторно во Македонија како главна ѕвезда на „Скопје колинг 2019“

Втората половина на декември е време кога почнуваат новогодишните честитки. „Авалон продукција“ наместо класична новогодишна честитка со која ќе Ви посака на сите што е можно поубави денови во 2019 година, се потруди директно да Ви овозможи еден убав и посебно специјален ден.

По рекордно брзо распродадедното шоу што се одржа во ВИП арената на 15.10.2017 (во рамките на турнејата „57th & 9th“), Стинг се враќа во Скопје на 02.06.2019, овој пат со историско стадионско шоу на нашата арена со која сме сите горди, „Филип Втори“.

Стадионот „Филип Втори“ за првпат ќе биде место на кое ќе се одржи концерт на една светска ѕвезда од калибарот на Стинг!

Фотографија на Skopje Calling.

Во рамките на турнејата „My songs“, која во суштина претставува турнеја со најдоброто од Стинг, музичарот ќе понуди едно несекојдневно и динамично шоу, фокусирајќи се на неговите најдобри песни од ерата на „Полис“ (The Police) и од соло-кариерата.

„Englishman In New York“, „Fields Of Gold“, „Shape Of My Heart“, „Every Breath You Take“, „Roxanne“, „Message In A Bottle“ се само некои од легендарните песни кои што ќе можат да се слушнат вечерта во Скопје, во изведба на една од најголемите рок-ѕвезди на светот на сите времиња.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда (19 декември) во 9 часот наутро, а цените ќе бидат соопштени вечерва. Иако звучи неверојатно, сепак е вистинито, Македонија во една година ќе може да види три концерти на артисти од светската А-листа на изведувачи: Стинг, Лени Кравиц и Ерос Рамацоти!



Врати се горе ↑