Свет sting

6 ноември, 2012

Стинг пишува мјузикл

Музичарот Стинг кој во декември во Азија ја завршува едногодишната турнеја со која обележа 25 години музичка кариера, изјави дека сега ќе се фокусира на пишувањето не следниот проект. Имено, поранешниот пејач на бендот Полис кажа дека работи на мјузикл кој е во рана фаза на подготовка, бил многу инспириран и напишал многу нови песни за истиот, како и дека сè e многу возбудливо за него со оглед на тоа што ова му е непозната територија.

Мјузиклот „The Last Ship“ (Последниот брод) ќе се случува во родниот град на пејачот, Њукасл и приказната е за работниците на пристаништата кои одлучуваат да изградат сопствен брод.

Извор: Блиц Онлајн



Врати се горе ↑