Концерт

29 мај, 2019

Стинг на Градски со светска продукција за концерт на отворено

Во пресрет на концертот на Стинг, кој ќе се одржи в недела, на 2 јуни на Градскиот стадион во Скопје, „Авалон“ ги соопшти и техничките детали за овој голем настан во рамките на „Скопје колинг 2019“, каде што специјален гостин е нашиот Влатко Стефановски со своето трио.

Имено, бидејќи се работи за настан на отворено, „Авалон“ одлучи овој настан комплетно да му го довери на продукцијата „Скајмјузик ивентс“ (Skymusic Events) од Белград, која не само што го работи фестивалот „Егзит“, туку во минатото ги има работено и најголеми концерти на „Авалон“ во соседството, како што се оние на Ејми Вајнхаус, Моби и „Ајрон мејден“ на Калемегдан. 

За оваа пригода, во Скопје ќе биде поставена бината која ја опслужува главната сцена на „Егзит“, а звукот, светлото и видеото ќе бидат по инструкции од техничкиот рајдер на Стинг.

Доколку сè уште не сте набавиле влезница за овој концерт, преостанатите билети можете да ги најдете во продажната мрежа на „Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk.



Врати се горе ↑