Аудио

29 јануари, 2018

Стинг и Шеги го најавија заедничкиот албум со „Don’t Make Me Wait“

Честопати на музичката сцена сме слушнале соработки на навидум неспоиви музичари, а токму таков е случајот и со речиси неочекуваното здружување на британскиот музичар Стинг и јамајканската реге-ѕвезда Шеги. Но, за разлика од повеќето, нивната соработка доаѓа во форма на заеднички албум, кој ќе го носи насловот „44/876“ и е закажан за 20 април.

„Најважното нешто за мене во каква било музика е изненадувањето“, изјавил Стинг во неодамнешен разговор со „Ролинг стоун“, додавајќи дека „сите се изненадени од оваа соработка и од тоа што го слушаат“, а Шеги се надоврзал дека „токму ова му треба на светот сега“.

Веќе стигна и првиот сингл од ова издание, а темата насловена „Don’t Make Me Wait“ можете да ја слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑