Концерт

27 мај, 2019

Стинг го објави новиот албум „My Songs“

Неколку дена пред да замине на турнеја, легендарниот британски музичар Стинг го објави својот нов, 14. по ред студиски албум насловен „My Songs“, на кој се сместени 15 најпознати песни од соло-кариерата и од ерата на „Полис“, но во ново руво и со нови аранжмани. „Desert Rose“, „Message In A Bottle“, „Roxanne“, „Englishman In New York“ се дел од евергрините што се најдоа на ова издание, а истите ќе имаме можност да ги слушнеме и ние на 2 јуни во Градскиот стадиот во Скопје.

„My Songs“ доаѓа по минатогодишниот заеднички албум со Шеги (44/876), како и девет години по изданието „Simphonicities“, кое исто така содржи стари песни во нови аранжмани. Истоимената светска турнеја започнува утре, 28 мај, во Париз, а потоа продолжува на 1 јуни во Бугарија и на 2 јуни во Скопје. Ширум Европа ќе одржи вкупно 41 концерт, а потоа следат уште 6 во Северна Америка, додека следната година од 22 мај до 1 септември ќе одржи 16 концерти во рамките на резиденцијата во Лас Вегас.

Специјален гостин на концертот во Скопје ќе му биде колегата Влатко Стефановски со своето трио, а доколку сè уште не сте набавиле влезница за овој спектакл во рамките на „Скопје колинг 2019“, тоа можете да го направите преку продажната мрежа на „Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk.



Врати се горе ↑