За Вас google-lyrics-showing

26 декември, 2014

Стигнаа „Стиховите на Гугл“

Се сеќавате ли на деновите кога пребарувавте некоја песна на интернет и врските за страните „Метро лирикс“ (MetroLyrics) или „АЗ лирикс“(AZlyrics) се појавуваа веднаш под врската за „Јутјуб“? Епа сето тоа се промени. Од сега, кога ќе пребарувате некоја песна на „Гугл“, во рамките на врската која води кон нејзиното официјално видео на „Јутјуб“, под насловот на песната и датумот на објавување ќе ги пронајдите и стиховите на песната. Со други зборови, текстовите на песните од сега ќе излегуваат во SERP (Search Engine Results Page).

Експертите тврдат дека „Гугл“ веќе прави база на текстови и работи на директно лиценцирање со главните музички издавачки компании за да се овозможи овој вид на сервис, но во моментов таа е во фаза на изградба. Извор за списанието „Билборд“ тврди дека тој механизам е сличен како кај веб страната „Лирик фајнд“ (LyricFind), која ја направија авторизирана база на песни со околу 2.000 издавачи.

Масимо Чиочиола (Massimo Ciociola), основачот на „Мјузик меч“ (Musicmatch.com), најголемата база на текстови на светот, тврди дека овој потег има доста смисла за „Гугл“, бидејќи нивната идеја е пребарувањето постојано да се усовршува, а стиховите на песните (Lyrics) се едни од најпребаруваните поими на „Гугл“.

 



Врати се горе ↑